Кога треба да се почне со четкање на забите и да се посети стоматолог?

Никнувањето на првите заби кај бебињата и кај доенчињата е индивидуален процес, кој кај различни бебиња може да се јави во различни периоди. Иако е ретка појава, некои бебиња се раѓаат со првите заби, кај други забите може да почнат да никнуваат пред да наполнат 4 месеци, а кај некои бебиња првите заби може да се појават и по 12 месеци, објаснува за „Мама не си сама“ педијатарот Елeна Манолева - Николовска.

 

- Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци. На возраст од три месеци бебињата почнуваат да го истражуваат светот со устата и тоа е период кога бебињата почнуваат да ги ставаат рацете во устата, поради што има зголемено лачење на плунка. Тоа е најчестата причина зошто многу родители се прашуваат дали можеби тоа се првите знаци на никнување запче кај нивното бебе. Но не се секогаш ставањето на рацете во устата и лигавењето знак дека кај детето ќе никнат заби во тој период, вели м-р д-р Елена Манолева-Николовска, специјалист педијатар.
По никнувањето на првите запчиња родителите треба веднаш да започнат со нега на забите на своето дете, со употреба на четкичка за заби и со соодветна паста за заби наменета за возраста на детето. А по првата година од животот и по изникнувањето на сите заби детето треба редовно да се води на стоматолог за навремено да се решат сите проблеми поврзани со растот и развојот на забите, формирањето на вилицата и со раната превенција од кариес на забите, советува педијатарот Манолева - Николовска

 

Стилови на родителство

Родителството е комплицирана и многу благородна улога, а во исто време одговорна и пожртвувана.

Родителите на дете со забавен раст и развој се вистински херои!

Не бараат никакво оправдување, туку сигурно и стабилно чекорат низ животот.

Совети од педијатар ако детето има хронична кашлица

Зошто децата често кашлаат, што ја предизвикува кашлицата, на кои болести хроничната кашлица може да биде симптом, кога родителите да побараат лекарска помош и како се лекува?

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!