Која е причината за предвременото породување?
Предвремено родените деца можат да развијат различни компликации поради нецелосниот развој на сите органи.
Статистичките податоци на СЗО и на УНИЦЕФ покажуваат дека едно од десет живородени деца се раѓаат предвреме, односно пред 37. недела. Ако пред 3 деценции тие имаа многу мали шанси да преживеат, со напредокот на медицината повеќето од овие деца се развиваат како и нивните врсници. За најчестите прашања што си ги поставуваат родителите и блиските на предвремено родените бебиња, стручни и корисни информации за Мама не си сама споделува д-р мед. науки Снежана Палчевска-Коцевска, специјалист педијатар неонатолог во клиничката болница „Аџибадем систина“.
Факти за предвремено родените бебиња
Прематурус (предвремено) е новороденче родено прерано. Бременоста трае од 37 до 40 недели, така што предвременоста се дефинира како раѓање бебе во кое било време пред 37. недела од бременоста, објаснува д-р Палчевска-Коцевска.

Кои се карактеристиките на предвремено родените бебиња?
Многу од физичките карактеристики кај бебето се загрижувачки за родителите. Но најголем број од нив се нормални физиолошки карактеристики за предвремено родено бебе, категоричен е неонатологот Палчевска-Коцевска и набројува кои се тие:
Предвремено родените бебиња често:
Предвремено родените деца можат да развијат различни компликации поради нецелосниот развој на сите органи.
Имунизацијата претставува едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината.
Ако забележите црвенило на лицето кај вашето бебе и ако поради тоа постојано се чеша, треба да помислите дека можеби станува збор за атописки дерматит, односно за долготрајно хронично воспаление на кожата.